Поддржувач на СДСМ и жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи од Вевчани со критика за одлуката на премиерот да даде оставка.
Според билдерот од Вевчани Ранко Србаковски кој важи за еден од најактивните поддржувачи на СДСМ на Твитер Заев треба да ја повлече оставката.
“Отказов на Заев му е катастрофална грешка. Освен сеир за душманите, ништо друго не постигнува. Ќе биде запомнет во историјата како странски ку*тон за еднократна употреба да го мени името.
Не дека вмро и мали вмро(левица) ќе го враќаат, и нив им одговара што друг ја заврши за нив таа валкана работа, Јанушевски и Тимчо веќе изјавија дека името е завршена работа и дека нема да го враќаат.
Да си ја повлечи оставката и да си ја дозаврши работата дур се комплетира работата за влез во ЕУ. Никој друг нема капацитет за тоа во државава, ќе заглавиме вака никункаде уште 1000 години”, пишува Србаковски.
— Ранко (@Srbak) November 2, 2021