Поддржувач на СДСМ го обвини газдата на time.mk дека наплаќа за ширење руска пропаганда

Поддржувач на СДСМ активен на социјалните мрежи упати тешки навреди до сопственикот на најчитаниот македонски агрегатор на вести time.mk во кои тврди дека Игор Трајковски има психички проблеми, дека украл интелектуална сопственост од Google и дека добива пари од Москва за да шири руска пропаганда.

Основа за своите обвинувањата Ранко Србаковски наоѓа во дел од објавените твитови на time.mk. Иако агрегаторот важи за релативно објективен Србаковски е убеден во про-руската врска на Трајковски.

,,Газдата на тиме.мк Игор Трајковски пролупа. Во 2 саати не се најде некој твит со 2 или 3 лајка :)))) колку му плаќаат за да става вакви проруски твитови во топ листата? :))))) отиде во Америка да работи во гугл, таму ја украде идејата за агрегатор на вести, за да објавува руска пропаганда :))))))) во Русија можеше само да научи да копа компири за водка да вари :))))))”, пишува симпатизерот на СДСМ кој својот став го објавува на повеќе социјални мрежи.

Србаковски инаку ,,боди билдер” е познат по своите јавни повици за физичка пресметка со симпатизри на ВМРО-ДПМНЕ како и по расистички испад кој го споделувал предходно на социјалните мрежи.

Трајковски е професор на ФИНКИ.

Власта и нејзините приврзаници се поинтензивно лажно обвинуваат самомислечки луѓе за проруска активност со цел да ги елиминираат како релевантни дебатери во јавниот простор.