Поддршка од сите континенти пред средбата со Грузија

Поддршка за македонските фудбалери на денешниот меч со Грузија, доаѓа од сите страни, од сите поранешни фудбалери, поранешни репрезентативци, спортисти…

Спортмедиа побара и доби видеа од наши спортисти од сите континенти. Не успеавме само од Африка, но веруваме дека и од таму се навива за нашата земја.

Поранешниот селектор Мирсад Јонуз од Катар, потоа Љупчо Кметовски од САД, екс голманот на неколку наши клубови кој беше дел од националниот тим, поранешниот репрезентативец Даниел Георгиевски испрати порака од Австралија, а бразилскиот фудбалер Вандаир испрати порака од неговиот Бразил на македонски јазик и со македонски дрес.

Погледнет ги пораките за поддршка:

Спортмедиа