Во последните 20 години, инвестициите во ЕУ од Кина пораснаа 6 пати, од Бразил – 10 пати, а од Русија двојно.
Европскиот парламент ќе гласа за воведување заеднички правила за верификација на странските директни инвестиции, на состанокот кој неделава ќе се одржи во Стразбур, објави БТА.
Проверките ќе треба да утврдат дали таквите инвестиции би можеле да претставуваат закана за стратешките интереси на ЕУ.
Инвестициите од Кина, Бразил и Русија се насочени кон висока технологија, често преку државни компании или компании поврзани со владата. Само половина од земјите на ЕУ (Австрија, Данска, Германија, Финска, Франција, Латвија, Литванија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Обединетото Кралство) воведоа показатели за тестирање на таквите инвестиции.