Почува вториот претседателски мандат на Макрон

Денеска започнува вториот мандат на старо-новиот француски претседател Емануел Макрон .

Церемонијата, која започнува во 11 часот, ќе трае околу час и половина, соопшти Елисејската палата.

Макрон ќе биде прогласен за Голем мајстор на Орденот на Легијата на честа.

Се очекува да присуствуваат 450 гости, а меѓу нив се и поранешните претседатели Франсоа Оланд и Никола Саркози и премиерот Едуар Филип.

Макрон ќе одржи говор кој ќе трае околу 15 минути околу неговите планиви за следните пет години.

На 24 април Макрон победи на претседателските избори во вториот круг.

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен, која по втор пат го загуби вториот круг, се закани дека ќе го порази на парламентарите избори што се одржат во јуни.