Вечерва започнувa зимското сметање на времето.

Во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

И покрај најавите дека поради заштеда на електрична енергија може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак по направените анализи Владата одлучи да остане досегашниот систем.