Почнува петтата година од бегството на Никола Груевски

Вчера (10 ноември) се навршија четири години од бегството на поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од Македонија.

Според тогашните информации, бегството во 2018 година, се одвивало преку Албанија, Црна Гора и Србија, од каде екс премиерот заврши во Унгарија каде доби политички азил.

Се уште не е познато кој му помогнал во овој обид, но се знае дека во Унгарија стасал согласно националните и меѓународните прописи.

Во интервју за медиумите тогаш Груевски посочи дека од Македонија избегал многу лесно, како и дека остава на Власта да открие дали легално или нелегално ја поминал границата со Албанија.

Македонија има распишано потерница по Никола Груевски. ТВ 21