Почнува ли Ковачевски војна со Сител и ТВ21 откако истото го стори Ахмети со Алфа и Телма

Не ги гледајте еднодимензионално работите во македонската политика препорачува добар познавач на бизнисот, медиумите и политиката кој инсистира на анонимност откако медиумите објавија дека и Ковачевски по вчерашниот напад на Ахмети, ги нападнал Телма и Алфа.

Прочитајте ја добро изјавата на Ковачевски и соопштението на ДУИ за нападот на Ахмети за да да ја имате целата слика пред да се дојде до вистината, вели познавачот.

Во соопштението на ДУИ Ахмети меѓу другите ги обвинува Ковачевски и СДСМ дека не успеале да влијаат на македонските гласачи кои ги критикуваат ДУИ и Ахмети.

Од друга страна се поставува прашањето кои може да се двете телевизии кои ги критикува Ковачевски.

„Сигурно господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на одредени факти и за објаснување ќе треба да го прашате него бидејќи за медиумите и јас имам свое лично мислење, така што единствено можам да кажам за моето лично мислење за тоа како одредени медиуми се однесуваат. Тоа ќе го прашате господинот Ахмети. Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика која тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“, изјави Ковачевски со што отвори можност двете телевизии кои ги напаѓа да се Сител и ТВ21.

Јавна тајна е дека Сител подолго време не стои во одбрана на власта на СДСМ а оваа телевизија е блиска со Социјалистичката партија која ја основаше покојниот газда на Силекс и Сител Љубисав Иванов Ѕинго чиј син Горан сега е директор. Дали Ковачевски мисли на Сител кога зборува за телевизија со уредувачка политика која е диктирана од партискиот сектор за комуникации на Социјалистичката партија треба да објасни премиерот.

Од друга страна директор на ТВ21 е екс министер за економија Ваљон Сарачини од ДУИ од каде е и пратеникот Исмаил Јаоски сопственик на компанијата Пуцко Петрол која добива огромни тендери од институциите.

Дали Ковачевски мисли на оваа врска меѓу трговци со енергенси и уредувачка политика на телевизија исто така ќе треба да објасни премиерот.

Првичната логика на сите медиуми е дека Ковачевски по лидерот на ДУИ и самиот без аргументи удри на двете телевизии Телма и Алфа.

Ахмети и Ковачевски координирани во нападите врз Алфа и Телма