Почна лоцирање на виновникот за ЕУ: СДСМ ќе бара оставка од Димитров

Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник, во интервју за Фокус вели дека вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров треба да поднесе оставка доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во декември.

“Зборувам за херојска и достоинствена оставка која ќе испрати силна порака дека неоправданото одолговлекување на нашата ЕУ интеграција, вон наша моќ и вина станува неприфатлива и не чини многу. Првиот аргумент кон тој потег лежи во депласираноста на неговата актуелна функција, а вториот аргумент е поврзан со наивноста да се потпише и ратификува договор со Бугарија кој нема цврсти меѓународни гаранции дека историјата останува на историчарите, а нашиот почеток на ЕУ преговорите е безусловен и независен од исходот на Комисијата за историски и образовни прашања”, вели Кирацовски.

Целото интервју на Фокус