Починати пет лица, нови 102 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.356 тестирања, при што се регистрирани 102 нови случаи на ковид-19.

Починале 5 лица во болнички услови: пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72г.), пациент од Куманово (64г.), пациент од Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.)

Институтот за јавно здравје пак информира за 99 оздравени.