Починати 29 лица, нови 1.045 случаи на Ковид-19

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица од 57 до 86 години, од кои 11 се од Скопје, 3 од Прилеп, по 2 од Тетово и Штип и по еден од Кратово, Крушево, Неготино, Охрид, Ресен, Куманово и Струга. Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид од Мој Термин, пријавени се дополнително четири починати лица на возраст од 64 до 82 години кои починале во претходен период. Од вкупниот број на починати лица, шест биле лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени биле 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на КОВИД-19:
Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.

Регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти.