Почина уште еден тешко повреден во несреќата на автобусот

На Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје почина уште едно лице од повредените во трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 13 февруари на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци.

Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти, а триесетина повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата.