Почина уште еден од застреланите во Бутел

Почина и внукот П.П. на Камер Идризи, кој беше убиен во пукотница во скопската населба Бутел 2 на 12 мај откако кон неговиот автомобил беа испукани над 80 куршуми.



Неговиот 24 годишен внук беше во критична состојба пренесено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, после пукањето во скопската населба Бутел 2, почина.

Идризи, лице добро познато на полицијата, во критичниот момент бил во возило марка „голф“ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Од возило во движење, најверојатно „ренџ ровер“ кон Идризи и негов помал внук кој бил со него во автомобилот беа испукани неколку десетици куршуми.