Почина уметникот Методи Андонов

Од компликации од ковид-19 вчера во Штип на 75 години почина реномираниот уметник Методи Андонов.

Тој е автор на споменикот што пред 36 години се подигна во центарот на Штип, во знак на сеќавање на штипските Евреи кои во 1943 беа депортирани во логорот Треблинка.

Андонов е автор и на спомен-обележјето на светската фудбалска легенда Драгослав Шекуларац роден во Штип, а негово дело се и логото и главната статуетка на познатиот македонски фестивал Макфест.