Почина поранешниот кинески претседател Цемин

Поранешниот кинески претседателкој владееше со Кина од 1993 до 2003 година, почина од леукемија и откажување на повеќе органи.

Џианг Цемин, почина на 96-годишна возраст во Шангај, како најдолговечен кинески претседател, пренесува Ројтерс.

Цемин дојде на власт како компромисна фигура по протестите на плоштадот Тјенанмен, заменувајќи го Жао Жен, за кој се сметаше дека го поддржува студентското демократско движење.

За време на неговата администрација, Кина ја врати контролата врз Хонг Конг во 1997 година и Макао во 1999 година.

Земјата помина низ период на значителен економски раст и стана членка на Светската трговска организација (СТО).

Пекинг победи во трката за домаќин на Летните олимписки игри 2008-ма година…