Почина основачот и сопственик на „Ред бул“

Дитрих Матешиц, австриски милијардер, основач и сопственик на корпоративниот гигант Ред Бул, почина синоќа на 78-годишна возраст по тешко боледување.

Претприемачот роден во Штаерска изгради глобална империја околу енергетскиот пијалок Ред Бул и важеше за најбогат човек во Австрија. Богатството на Матешиќ беше проценето на околу 25 милијарди евра, што го смести на 51 место на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот. Милијардерот важеше за маркетинг гениј, објави Ројтерс.