Американскиот режисер од чешко потекло, Милош Форман, почина денеска на 86 годишна возраст.

Неговата филмска кариера започнува во 1955 година. Во Чехословачка ги снимил филмовите „Црн Петар“ (1964), „Љубовта на русокосата“ (1965) и „Оган, мојата девојка“ (1967).

Во 1967 година заминува на специјализација во САД, во 1968 година е во Париз заминува на преговори за снимање на нов филм и останува таму, заради настаните од „Прашката пролет“ во неговата земја.

Од 1971 година работи во САД и уште со својот прв филм го освои престижниот Кански фестивал. Во 1975 година Форман постигнува светски успех со филмот „Лет над гнездото на кукавицата“ и за него освои награда “Оскар”.

Други познати негови филмови се „Коса“ (1979) и „Амадеус“ (1984) кој беше награден со 8 „Оскар-и“ и 4 награди „Златен глобус“.