Почина Масимо Савиќ

На 61-годишна возраст почина познатиот хрватски музичар Масимо Савиќ.

Веста за смртта ја соопштија неговата сопруга Ани и ќерката Мирна.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска борба. Иако замина од овој свет, тој засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ани и Мирна“, се вели во соопштението.

Масимо Савиќ е роден во Пула на 6 јуни 1962 година. По пристигнувањето во Загреб во раните осумдесетти, Масимо Савиќ ја основал групата Доријан Греј.

Бендот предводен од Масимо стана популарен веднаш по објавувањето на првиот албум „Сјај у тами“ во 1983 година.

Две години подоцна беше објавен нивниот втор албум „За твоите очи“.

По распадот на групата, Масимо започна успешна независна кариера во деведесеттите и издаде четири албуми во соработка со Зринко Тутиќ.