Почина Марјан Додовски, човекот што го спаси Дојранското езеро

Во Скопје по кратко боледување и компликации од коронавирусот почина екологистот и екс министер за екологија Марјан Додовски.

Марјан Додовски имаше богата политичка и професинална кариера, а ќе го паметиме и како автор на проектот за спас на Дојранското езеро.

Додовски во својата кариера вршеше одговорни јавни функции:

Пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година.

Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје. 2005- 2006 година

Член на Советот на Град Скопје 2005 ггодина

Министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирње. Влада на РМ-1998-2002 година

Раководител на Проектот за Спас на Дојранското Езеро

Наставник по биологија во О.У. “Крсте П. Мисирков”- Скопје1996-1997 година

Генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1997-1998 година

Секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1995 – 1997 година

Член на претседателството на Еколошко Друштво “Опстанок” – Скопје, 1994 година

Колумнист во дневни, неделни и месечни весници;

Аматерски активности во ликовната уметност- правец интарзија.

Автор на книгата ,,Дојранско Езеро Од агонија до живот”