Легендарниот актер Џејмс Кан, кој се прослави со улогите во филмовите како „Кум“ (1972) и во „Песната на Брајан“, почина а 82-годишна возраст.
Кан стекна голема популарност во далечната 1972 година, кога ја играше улогата на Сони Корлеоне во култниот филм „Кум“.
Тој беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога, како и за наградата Златен глобус.
Тој ја повтори улогата во продолжението на овој култен филм, а пред „Кум“ Џејмс го играше Брајан Пиколо во „Песната на Брајан“.
