Колин Пауел, првиот Афроамериканец кој служеше како државен секретар на САД, почина во понеделникот на 85-годишна возраст од компликации предизвикани од „Ковид-19“, соопшти неговото семејство во понеделникот.
Пауел беше професионален војник чија војничка кариера во Виетнам го доведе до позицијата прв советник за национална безбедност на крајот на претседателството на Роналд Реган и стана најмладиот и првиот афро-американски претседател на Здружениот началник на Генералштабот на САД под претседателот Џорџ Х.В. Буш.
Како воен генерал со четири ѕвезди, тој беше командант на Здружениот штаб на САД под претседателот Џорџ В. Буш Постариот за време на Заливската војна во 1991 година, во која силите предводени од САД ги протераа ирачките сили од соседен Кувајт.
Едно време во средината на 1990-тите, многумина мислеа дека ќе стане првиот црн претседател на Соединетите држави. Пауел, умерен републиканец и прагматичар, беше државен секретар од 2001 до 2005 година.
Пауел беше познат како еден од клучните фигури во инвазијата на Ирак во 2003 година.
Уште во 2001 година тој заговаарше дека ирачкиот диктатор Садам Хусеин може да направи оружје за масовно уништување.
Тоа беше една од главните причини за американската инвазија на Ирак, што подоцна се покажа како погрешна проценка и една од најголемите грешки на модерната американска политика.
Пауел беше една од клучните фигури во обезбедувањето меѓународна поддршка за оваа операција.
Познат е неговиот говор во ОН во 2003 година во кој тој рече дека „нема сомнение дека Садам Хусеин има биолошко оружје и способност за брзо производство дури и многу повеќе“.
Тоа беше во февруари 2003 година, а неговиот говор траеше повеќе од еден час.
Шест недели подоцна, започна војната во Ирак, а подоцна ќе се покаже дека разузнавањето за оружјето за масовно уништување во голема мера било погрешно.