Почина ќерката на ексградоначалникот на Битола Талевски кој е во затвор

Марија Талеска-Мургоска, ќерка на ексградоначалникот на Битола и актер, Владимир Талевски, почина на 39-годишна возраст.

Трагичната вест доаѓа во моменти кога нејзиниот татко издржува затворска казна за случајот „Транспортер“ во прилепскиот затвор.

Марија е една од двете ќерки на Талевски.

Причината за смртта, според првичните информации, е срцев удар.

Талевски денеска ќе биде пуштен од затворот за да присуствува на погребот.