Во Италија, три лица починаа од коронавирус, а земјата за само неколку дена се искачи на 3-то место на списокот на земји со заразени од COVID-19.

Кина, со повеќе од 77.000 заразени лица, се уште е на прво место, а потоа следува Јужна Кореја, која е втора со 602 заразени.

Италија денес ја престигна Јапонија, со 153 лица заразени.

Во светот, од коронавирусот починале 2.465 лица, а 79.930 се разболеле.