Почина генерал Тодор Атанасовски

Првоборецот и носител на партизанска споменица од 1941 година и генерал полковник, Тодор Атанасовски, почина на 93 годишна возраст, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Генералот Атанасовски ќе биде погребан со воени почести денеска на градските гробишта во „Бутел“ во 12:00 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во „Бутел“ од 11.00 часот.

„Генерал Атанасовски беше борец и раководител на борбените партизански одреди за време на Народно Ослободителната Војна, а во поствоениот период, бил редовно унапредуван во повисок чин, согласно неговите професионалнаи дејности и согласно неговите заслуги како припадник на воените структури во борбата против фашизмот во Втората светска војна“ пренесе НОВА ТВ.