Легендарната радио и тв спикерка и водителка, Бранка Станковска почина денеска во Скопје, во 90-та година од животот.

Целиот работен век од 39 години (1948-1987) го помина во Македонската радиотелевизија.

Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

Неколку месеци подоцна, на 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.