Сопруга на претседателот на САД Џорџ Буш – постариот (1989-1993) и мајка на претседателот Џорџ Буш – помладиот (2001-2009) почина, јавија агенции кои претходнио известуваа дека 92 годишната госпоѓа Барбара Буш одлучила веќе да не бара медицинска помош.
Според Си-ен-ен, некогашната „прва дама“ страдала од хронична опструктивна болест на белите дробови, но нема формална потврда за оваа информација.
Многу почесто медиумите известуваа за здравјето на Буш Сениор, 41 претседател на САД, кој во јануари минатата година беше хоспитализиран со пневмонија, а во април повторно беше хоспитализиран со оваа дијагноза.
На 6 јануари оваа година Барбара и Џорџ Буш одбележаа 73 годишнина од бракот и тоа е најдолгиот семеен стаж меѓу сите „прв парови“ во историјата на САД.