Почина актерот Рајан О’Нил

На 82годишна возраст почина американскиот актер Рајан О‘Нил, една од најголемите филмски ѕвезди во 1970-тите.

Веста ја потврди неговиот син Патрик.

„Мојот татко беше холивудска легенда и точка. Тој отсекогаш беше мој херој“, изјави Патрик О‘Нил.

Рајан О‘Нил се прослави со фимот „Љубовна приказна“, еден од најпознатите романтични филмови на сите времиња.

Глумеше студент од Харвард кој се вљубува во девојка од работничка класа, која ја играше Али Мекгро. За оваа улога беше номиниран за Оскар и Златен глобус за најдобар актер.

Други негови филмски хитови се „Зошто татко ти те пушта сама?“, „Месечина од хартија“, „Бери Линдон“ и „Возач“…

Двапати се женеше, но попозната е неговата долгогодишна врска со актерката Фара Фосет, која траеше од 1979 до 1997 и потоа повторно од 2001 до нејзината смрт во 2009.

Неговата ќерка од првиот брак Тејтум беше наградена со Оскар за „Месечина од хартија“ кога имаше само десет години.