На 67-годишна возраст почина пејачот на групата „Парни ваљак“ Аки Рахимовски.

Веста за смртта е објавена на официјалниот сајт на Парни Вљлак.

„Почитувани пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денеска, 22.01.2022 година, Аки Рахимовски засекогаш заспа“, се вели во соопштението.

„За малку нежност ќе се согласам, зад малку нежност за да заспијам“, се стиховите со кои официјалната Фејсбук страница на Парни ваљак се прости од легендарниот пејач.

Според информациите во медиумите, на Рахимовски утрово му се слошило и бил префрлен во болница, каде што подоцна починал. Тој пред три години преживеа мозочен удар.

Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје.

Ппчетоците на кариерата на Рахимовски се во скопската населба Ченто, заедно со групата „Тор“, во која член беше и Гарабет Тавитијан – Гаро.