Денеска, на возраст од 100 години почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од тројцата тројцата основачи на Македонската академија на науките и уметностите почина денеска на 100 години. Тој, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, биле тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ, основана на 23 февруари 1967, со прв претседател бил Конески.
Академик Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјава како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Земјоделско-шумарскиот факултет.
Во мај годинава, МАНУ со голема свеченост ја одбележа 100-годишнината од неговото раѓање.
Витален и луциден, со шеги на своја сметка за годините, академик Филиповски стоечки, без подготвен говор говореше за почетоците, за историјата, и не заборави никого за да се заблагодари.