Почина 35.годишник во пожар во стан

Маж на возраст од 35 години почина во пожар што утринава изби во стан во скопската населба Хром, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Скопските пожарникари, кои ја добиле пријавата во 9:35 часот, го затекнале станот целосно опожарен.

„Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците“, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.

Смртта на 35-годишникот ја констатирале екипи на Итната медицинска помош.