Победникот Таче, змијата и магарето
Во една далечна од ЕУ земја си беше еден од директорите во Телеком оператор кој е инволвиран во милионски сомнителни трансфери а подоцна стана генерален директор на друг Телеком оператор од каде што беше избркан по 6 месеци директорување заради нечесни и нечовечки работи.
И после стана премиер што гради стотици километри автопати со еден потег (во својата збунета глава).
И после беше толку маестрален во политиката што по 18 месеци одбивање да се видат го викна озлогласениот лидер на антиевропската опозиција да влезе во владата и да ги дели со него своите министри.
И тука нашиот херој доживеа кулминација, читам во неговите скапо платени медиуми дека Таче бил генијален затоа што го убедил Мицкоски да се согласи да гласа уставни измени и дека неговата партија со тоа ја потврдила својата моќ туркајќи ја ВМРО-ДПМНЕ кон амбисот односно кон владата :).
Во овој неверојатен заплет на Таче никој не му кажува дека по скопски кажано ,,како и да се сврти задникот пак ќе му биде од позади” или уште попластично кажано се најде во ситуација позната како ,,Змија да го апне или магаре да му го бапне” (Се мисли на опашот на магарето).
Моќниот Таче кого ,,го сакаше” цела ЕУ, Америка и пошироко дојде во ситуација да го моли антиевропеецот Мицкоски да му влезе во владата, да ги елиминира своите ментори од Мала Речица и да му даде ресори со кои, овој слабиот Мицкоски, од тешка опозиција ќе дојде во ситуација да му ги апси криминалните министри и другари.
Па ваков заплет во кој Дераловци и Тричковци гледаат огромна победа за Бихаќка не може да напише ни Агата Кристи.
Да, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски заради своите компромиси направени под притисок на големиот дел од јавноста за кој ЕУ е реална можност и главен приоритет, ќе има штета на својот рејтинг на краток рок додека луѓето не разберат што вистински се случило.
Таче и неговите за жал или за нивна среќа нема да ни да разберат што им се случува, се додека еден ден не дојде абер дека почнува ,,Време за плачење”.
Фејсбук статус на еден од водителите на емисијата ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски