Победниците на изборите ќе ги предадат бугарските национални интереси

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вели дека новата власт во Софија ќе ја предаде Бугарија, кога е во прашање односот кон Македонија.

Џамбаски твди дека претседателот на партијата „Продолжуваат промени“, Кирил Петков не ги ни споменува националните идеи, а плановите за Скопје се состојат само во „сè да се завитка во убаво пакување, кое нема врска со реалноста“.

„Очигледно е дека најважното прашање за тие луѓе е воздушниот сообраќај меѓу Скопје и Софија. Нема збор за цврста заштита на бугарските национални интереси, ниту предлог за суровото присвојување на историјата и секојдневното кршење на човековите права“, вели Џамбаски.

Неодамна, Петков и копретседателот на партијата Асен Василев, изјавија дека е неопходно да се развијат сообраќајните врски, како и економските и трговските односи меѓу двете земји. Петков додаде дека неговиот колега и тој сакаат нов пристап во решавањето на проблемот со Скопје.