Победа за Македонците во Егејска Македонија: Отфрлени тужбите против Центарот за македонски јазик во Грција!

Македонскиот активист од леринско Крушоради, Стилијан Самарџиев (Стилијанос Самарѕис), објави победа за Македонците во Егејска Македонија во однос на Центарот за македонски јазик во Грција.

„Победа за Македонците во Егејска Македонија.

Грчкиот суд ги укина сите тужби против Центарот за македонски јазик… Тоа беше пријатно изненадување од грчкиот правен систем.

Во иднина чекаме отворање на приватни македонски училишта, но и македонскиот јазик да биде дел од образовниот систем во Егејска Македонија и новите генерации да го учат македонскиот јазик.

Му благодариме на грчкиот судски систем за оваа правична одлука“, објави Самарџиев на Фејсбук, заедно со одлуката на Судот.