Четири млади девојки и 1 момче од Охрид, студенти на возраст од 21 до 23 години од тимот TeamySeed се победниците на националниот хакатон одржан кои вчера во рамки на Националното Финале на натпреварот го презентираа своето решение за одгледување зеленчук во вселената, и кои ја освоија главната национална награда – Патување во NASA Kennedy Space центарот.
Студентите од ќе имаат можност да присуствуваат и на полетување на ракета кое е планирано за почетокот на 2022 година, а заедно со второпласираниот тим AstriX се во конкуренција и за глобална награда од NASA за што одлучувањето ќе го вршат комисии составени од оваа агенција во периодот од 20ти октомври до 30 ноември по што ќе бидат прогласени и 10те глобалните победници.
Реализацијата на натпреварот и Националната награда е обезбедена со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, која е традиционален поддржувач на овој хакатон.
Кај нас натпреварот се одржува во организација на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, предводен од Ирена Чаушевска Даниловска Национален координатор на натпреварот. Учество земаа вкупно 210 учесници, од кои 120 во категоријата до 12 години, и 90 во категоријата наменета првенствено за средношколци студенти кои формираа 20 тима и се натпреваруваа за влез во финалето и престижните 1во и 2во место. Двете први места освоени на национално ниво директно им отвораат врата на младите иноватори, истражувачи и решавачи на проблемни за претставување на своите решенија пред експерти на NASA како и пошироката заедница на меѓународни истражувачки проекти, фондови и инвеститори. Право на учество имаат сите млади таленти со познавања и вештини во најразлични области како програмирање, машинство, нови технологии, големи бази на податоци, дизајн, хемија, физика, математика, агрономија, астрономија, а секако и претприемништво.
Победничкиот тим Teamy Seed, е составен од 5 студенти, од кои 4 по потекло од Охрид и 1 од Скопје, на возраст од 21 до 23 години – Тијана Костовска (Машински факултет – Мехатроника, УКИМ), Климент Младеноски (Машински факултет – Мехатроника, УКИМ), Емилија Симјановска (Природно-математички факултет, УКИМ), Ивана Неделковска (Технолошко-металуршки факултет, УКИМ), Симона Шурбановска (Филолошки факултет, УКИМ) – кои го осмислија и дизајнираа SALASTRA СИСТЕМ ЗА АВТОМАТИЗИРАНО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА РАСТЕНИЈА во кој може да се одгледува спанаќ и други растенија за потребите на Астронаутите на вселенските летала, на други планети, но и на Земјата во сушни области или периоди.
Второпласираниот тимот AstriX, е составен од 3 средношколци од ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес, на возраст од 16 и 17 години – Јани Штерјов, Ели Панова, Десанка Николова, како и Љубинка Ртоска професорка во истото училиште – кои креираа ЕДУКАТИВНА ИГРА ЗА ВСЕЛЕНАТА наменета за најмладите со цел зболемување на нивните знаења за Вселената, како и љубопитноста и креативноста од најмали нозе;
Третопласираниот тим Young Scientists, е составен од 4 студенти, од кои 3 по потекло од Струмица и 1 од Скопје на возраст од 19 до 21 години – Љубица Гошева (Медицински факултет, УГД), Ружица Минова (Медицински факултет, УГД), Ангела Џингарска (ФИНКИ, УКИМ), Дорис Иванова (Филолошки факултет, УГД), како и професорките Зорица Масникоса-Поп Трајкова и Костадинка Тушева (дипломирани на Природно-математички факултет-Физика, УКИМ) вработени во СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица – кои осмислија и дизајнираа иновативен производ ЕКОЛОШКИ ФИЛТЕР СО МИНЕРАЛОТ ЗЕОЛИТ кој се поставува на издувниот систем на колите и ги апсорбира CO2 гасовите со што позитивно придонесува за намалување на причините за глобалното затоплување.
Прво и второпласираните тимови ги очекува дополнителна интензива работа во следните неколку дена за да ги подготват своите решенија со поддршка на менторите и членовите на националната жири комисија, а пред стартот на глобалното оценување.
Дополнителни информации за натпреварот
Овој викенд (1-3 октомври 2021 година) Скопје беше дел од најголемиот хакатон во светот, NASA Space Apps Challenge на кој земаа учество над 28.000 учесници од 328 локации ширум светот и кој беше во знакот на 10 годишниот јубилеј кој го одбележува хакатонот оваа година.
Во неделата на 3ти октомври се одржаа презентациите на сите тимови од кои беа избрани тројцата финалисти. Финалето се одржа вчера (7ми октомври) во просториите на софтверската компанија NETCETRA пред жири и претставници од Американската Амбасада во Скопје, како и претставници на Асоцијацијата на советници за кариера кои беа партнер организација на овогодинешниот хакатон, каде финалистите ги претставија своите проекти. Нa церемонијaта за прогласување на најдобрите и доделување на трофеите и наградите беа доделени и награди и признанија и на учесниците на детскиот натпревар за најмладите до 12 години, NASA Kids & Youth Space Challenge 2021 на кој пристигнаа над 100 проекти, цртежи и изработки.
Во рамки на настаните кои беа најава за хакатонот се одржаа подготвителни средби со учесниците, како и вебинар „Career Talk: Gils in Space and Science“ на кој со нашите гостинки разговаравме за секогаш актуелните теми поврзани со технологијата, новите професии и изборот на кариера.
Натпреварот NASA Space Apps Challenge секоја година привлекува се’ поголем интерес кај младите и претставува одлична можност за сите компании, училишта и универзитети да ги препознаат и поддржат младите таленти во напорите да развиваат своите вештини и знаења и воедно претставува одличен начин за откривање, стипендирање и нивна рана регрутација.
Следете не’ за редовни апдејти на: https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK и https:// www.facebook.com/NewMansBA