Али Ахмети го повтори повикот на неговиот поранешен владин партнер, експремиерот Зоран Заев, за „камшикари“ од странство, со тоа што би правеле ветинг врз овдешни политичари и функционери.
„Мора да направиме ветинг, почнувајќи од политичарите, извршната власт, градоначалниците, за доброто на државата. Оваа проверка треба да ја направат странски специјалисти, бидејќи кредибилитетот може да се оспори. Потребни ни се проверени судство и политичари за да се има доверба во развојот на процесот“, објасни лидерот на ДУИ, практично признавајќи дека категориите што ги наброја не се на висината на задачата, за што одговорна е и неговата партија, која е на власт во 19 од последните веќе 21 година.