Мажот кој во саботата уби десет луѓе за време на прославата на кинеската лунарна нова година во сала за танцување во Монтереј Парк, изврши самоубиство откако не успеа да изврши уште еден напад.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, изјави дека осомничениот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран и дека се верува дека нема други напаѓачи, пренесува „Би-Би-Си“.

Мотивот за нападот се уште не е познат.

Десет лица, пет жени и пет мажи, загинаа, а уште 10 лица се ранети во пукањето , а едуммина се уште се во болница, од кои еден е во критична состојба.

Околу 20 до 30 минути подоцна, напаѓачот влегол во сала за танцување во блискиот град Алхамбра, но присутните успеале да му го земат оружјето.

По обидот за втор напад, осомничениот побегнал со комбе, кое полицијата го опколила во блискиот град на Торанс.

За време на опсадата, полицајците упаднале во комбето каде го пронашле телото на осомничениот со прострелна рана, како и пиштол.