Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ, изјави денеска во Македонска Каменица мандатарот Зоран Заев.

Вчера генералниот секретар Игор Јанушев соопшти дека опозициската партија дека нема да номинира кандидат откако парламентот утврди пет можни потпретседателски позиции.

„Навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места за помалите политички заедници во државата.

Потпретседател на Собранието зема од 100 до 150 евра поголема плата од пратеник.

Но, ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите, ете и за бројката на потпретседатели да биде помала. Ќе видиме како ќе постапат итака ќе се однесуваме, затоа што на крајот одговорноста е на сите нас“ ,рече Заев.