Откако со месеци предмет на истрага од полициски и истражители од обвинителството е ТВ Алфа деновиве на социјалните мрежи пристигнуваат закани и за други медиуми кои се критички настроени кон власта.
Вонредна од заканите функционер на власта скриен зад профил на Твитер најавува влез на МВР и обвинителството во еден од највлијателните македонски портали Off.net.mk кој го води Сашо Мацановски Трендо.
“После Алфа, влагаме во офф.нет.
Ама нема ама.
– Добар ден, ние сме од МВР.
– Сајбер Бајага мило ми е. Повелете, влезете”, пишува активистот на СДСМ на Твитер кој секојдневно шири говор на омраза на политичка основа.
После Алфа, влагаме во офф.нет.
Ама нема ама.– Добар ден, ние сме од МВР.
– Сајбер Бајага мило ми е. Повелете, влезете.— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) November 24, 2021
Според расположивите информации профилот од кој се упатуваат заканите до медиумите е член е на Управен одбор на ФИТР, Фонд за иновации и развој што го раководи Коста Петров и функционер на СДСМ од Гостивар а кој е член на партискиот тим за работа на социјалните мрежи.
Пред директната заканата за влез во off.net.mk активистот на СДСМ го нападна порталот за ширење лажни вести откако тој на свој начин изјава на Заев според која трагедијата во која загинаа 45 лица позитивно ќе се одразела на односите меѓу Македонија и Бугарија.
Курир вода да им носи. Го надвасаа и оној кретенот од Доказ.
Дно злобно бездушно фејкњузерско. pic.twitter.com/P5VXkPJCf2— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) November 23, 2021
Ниту ФИТР ниту СДСМ ниту владата не се оградува од заканите за влез во медиумите.