По вчерашниот рекорд во еден ден годинава, и денеска голем број позитивни на Ковид-19

По вчерашните 807 новозаболени од Ковид-19, рекорд за еден ден годинава, Институтот за јавно здравје и денеска регистрира значителен број на позитивни од 721 во последното деноноќие, како и девет смртни случаи.

Тројца од починатите се од Скопје на возраст од 85, 80 и 69 години, двајца од Куманово (81, 74) и по еден од Прилеп (75), од Велес (73), од Крива Паланка (73) и од Валандово (71). Осум пациенти се починати во болнички услови, а еден во домашни.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје бележи зголемување за 56 проценти на новите случаи, а во тој период од една седмица починале 69 лица.

Од почетокот на епидемијата во Македонија се регистрирани 105.269 заболени од коронавирус, 3.165 починати и 93.942 оздравени, а во моментов има 8.162 активни случаи.