По ударот од сопартиецот и министер Бујар Османи кој јавно потврди дека првиот вицепремиер има скриен имот вреден најмалку 60 илјади евра се појави видео по кое Груби може да заврши во затвор.

Видеото е снимено во август 2020 година пред хотелот Мериот каде тогаш Груби се среќаваше со екс шефот на тајната служба Сашо Мијалков.


На тоа видео се гледа дека Груби влегува во хотелот Мериот на Мијалков во исто Ауди какво што беше запалено вчера а за кое и тој и Османи тврдат дека е на вицепремиерот.

За стекнување и криење личен скриен имот Никола Груевски пред една година беше осуден во предметот Плацеви на Водно на затворска казна.

Предходно Груби откако сфати дека направил огромна грешка со признанието дека Аудито е негов скриен имот, во обид да ја намали штетата, рече дека негов комшија му ја давал колата на користење.

Со објавата на видеото во кое се гледа дека тој цели години го користи за возење на својата фамилија а возилото е на туѓо име, Обвинителството има јасен случај на скриен имот по кој ќе мора да постапи.

Дури и аудито од 2020 година да не е истото кое беше запалено завчера Груби има сериозен проблем затоа што тогаш тоа би значело дека тој за три години возел две различни аудија кои не биле на негово име а во имотниот лист не е заведено ниту едно од нив.

Поврзани вести

Владата го ,,дотепа” Груби и отвори пат за Обвинителството и Антикорупциската комисија