Дури 400 лица беа уапсени за време на третата последователна ноќ на немири во Франција.

Повеќето од уапсените – над 300 – се од Париз и неговата околина.

Немирите во Франција започнаа во средата вечерта, откако полицаец застрела и го уби 17-годишниот Начел М.

Тој одби да застане на полициска проверка за сообраќаен прекршок и се обиде да побегне.

Полицијата првично рече дека Нахел се обидел да ги оттурне од патот, но подоцна објавеното видео од инцидентот покажува спротивното.

Според првичните податоци, убиениот млад човек по потекло е Алжирец.

Полицаецот кој пукал му се извини на семејството. Тој е обвинет за убиство со умисла.

Франција мобилизира 40.000 полицајци поради масовните протести.

Немири во врска со смртта на младиот човек имаше во парискиот регион, во други француски градови, па дури и во Белгија.

Синоќа во Брисел избувнаа немири поврзани со полициското убиство на 17-годишник во Франција.

За време на немирите беа запалени неколку автомобили, а во текот на денот на социјалните мрежи кружеа повици да се излезе на улица „како во Франција“.

Противпожарната бригада во Брисел ја опиша ситуацијата како „екстремно напната“.

Во Брисел моментално се одржува дводневен самит на шефови на држави и влади на ЕУ посветен на ситуацијата во Украина и миграциските прашања.