По веста од Берлин дека во септевмри Бундестагот ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Македонија, многу е веројатно дека парламентарни избори ќе нема.

Заев денеска во Берлин имаше 40 минутна средба на која не е прецизиран рок кога Македонија ќе го добие очекуваниот датум но од владејачката германска партија ЦДУ на канцеларката Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“ велат дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември“.

Засега, никој од власта не сака да се „истрча“ со тврдења дека најавата на Заев за избори е веќе минато, но очекувањата и прогнозите им се дека лидерот ќе се врати на планот за реконструкција на Владата и освежување во партиските редови, оценува „Плусинфо.

Реконструкцијата веќе е договорена, но се пролонгираше поради средбата на Заев со Меркел.

Премиерот пред заминувањето за Берлин изјави:

„Ако останеме на реконструкцијата, верувам дека до половината на месецот или до крајот на јуни ќе се случи поради тоа што немаме многу време за губење. Плановите се ако сѐ биде во ред на идната седница веќе во делот на директорските места во државата да се случат одредени промени, така што продолжуваме со тоа што е најавено за да може министерските места да останат за самиот крај“.