„Средбата на 10.1.2023 година во Тирана беше во целосна дискреција, за да не се повреди чувствителноста на македонската страна. По оваа средба треба албанскиот чинител да иницира серија други уставни измени, заради зголемување на рамноправноста меѓу Албанците и Македонците како мнозински народи во * Македонија.“ – се наведува во анализата со наслов „Вечера на Албанците’ во потребното време“, која ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.

Покрај другото, во анализата пишува: „Аналитичарите од Албанија ја оценуваат средбата на премиерот Еди Рама со албанските политички лидери од * Македонија како потребна за меѓусебната комуникација. На таа средба се разговараше и за заедничката агенда на двете земји на патот кон ЕУ, со посебна нагласка на уставните измени, кои официјално Скопје треба да ги направи во колку е можно побрз временски рок, за да се реализира и договорот со Бугарија.“

„Политичкиот публицист и аналитичар од Албанија Ментор Назарко вели дека средбата со Рама се одвиваше во целосна дискреција, за да не се повредат македонската страна, или чувствителноста на македонскиот политички чинител. Назарко вели дека * Македонија и Албанија треба да создадат една алијанса, сојуз, за да ги преживеат сите предизвици. ‘Во оваа смисла средбата на 10 јануари беше успешна во постигањето на своите цели, така што треба да имаме засилување на стабилноста на * Македонија, оваа соседна земја, која со Албанија ја обединуваат и географската позиција и постоењето на албанскиот народ таму.’ – истакнува Назарко.“

„Според Назарко, двете земји треба да отворат нова страница во своите односи, што подразбира и постоење ‘Трактат – договор за пријателство’ со заемни заложби. ‘Нас не обединуваат и стратегиските цели и заемните национални интереси, кои подразбираат дека Албанија и * Македонија треба да имаат една алијанса, сојуз за да ги преживеат сите предизвици. Верувам дека албанскиот чинител ќе придонесе квалитетно кон уставните измени во * Македонија. Но, не бланко, туку иницирајќи серија други уставни измени, кои ќе овозможат и фискална децентрализација, што значи рамноправност во распределбата на буџетските фондови за албанските општини, зголемувајќи ја и рамноправноста меѓу мнозинските народи во Македонија.’ – нагласи Назарко.“

„Политичкиот аналитичар Илир Кула од Албанија нагласува дека вечерата на Рама со албанските политички лидери од * Македонија треба да зачести. ‘Треба да има многу повеќе такви вечери на Албанците, со сите албански политички и институционални фактори.’ – дополнува Кула.“

„Потсетуваме дека од ВМРО ДПМНЕ бараат Ковачевски да објасни пред народот какви задачи добил од Али Ахмети по средбата во Тирана со Еди Рама.“