По срамната анкета Фокус си кажа збогум со читан колумнист за кого проблемот е во функционер на СДСМ

Само неколку дена откако ја објави срамната анкета во која наводно најомилен политичар во Макеоднија е премиерот Димитар Ковачевски во што никој не верува, неделникот Фокус влегува во нова скандалозна епизода која дополнително го срозува имиџот на некогаш влијателниот медиум.

Како што објави адвокатот Јанаки Митровски неделникот се раздели со својот читан колумнист, за кого причината за прекин на соработката е притисок од функционер на СДСМ.

Митровски своето убедување меѓу другото го темели на претходен инцидент кога Фокус не ја објавил неговата колумна навреме а потоа му бил променет насловот на текстот во кој колумнистот пишувал за ,,мадињата на Ковачевски” откако тој самиот така се изрази на настан во странство.

,,Со обострана согласност, после четири и половина плодни години, мојата соработка со неделникот Фокус заврши. Иако со тоа не се согласуваат, мое длабоко убедување е дека директна причина е притисокот кој го добиле од владеачката СДСМ и нивни висок функционер, партија кон која за жал сериозно инклинираат последнава година.

Имено првиот проблем го имав лани со колумна насловена “Мадињата на премиерот” која не излезе во рокот во кој требаше да излезе. Се обратив до главниот уредник, те имало многу колумни, ќе излезе утре, па задутре и со четири дена доцнење никако да излезе за на крај да ми биде пријателски посочено дека “насловот бил вулгарен” небаре се тоа мои а не зборови на премиерот. Ако него не му беше срам во етер да ги изговори чуму мене би ми било да го парафразирам?!

Се објави со сменет наслов “Англискиот на премиерот” а секој кој се минимум разбира знае дека насловот ја продава колумната.

Од тогаш до сега имало уште два поситни проблеми, се до минатата недела кога ја пратил неговата последна колумна насловена „Сељачина” а која се однесува на однесувањето на Бојан Маричиќ наспрема пратеничката Дафина Стојаноска. Во инцидентот вицепремиерот праќал бакнежи во собраниска сала.

,,Поминаа два дена и наместо колумната да се објави ми се јави соственичката да ме извести дека донеле одлука понатаму да не ги хонорираат колумнистите. Мојот одговор беше нема проблем, иако ми беше јасно дека интенцијата е да ме тргнат. По два дена повторно ја исконтактирав уредничката, велам ете не барам хонорар објавете ја.

Сум човек кој гради искрени односи и затоа ме навреди кога ми рече дека “викендов не е тука, понеделник ќе ја објави. И оп во саботата ете ти ја уредничката гостува на ТВ. Понеделник помина и замина колумната не излезе, се исконтактиравме во вторникот за да ми посочи дека “колегите реагирале дека лично сум го напаѓал Маричиќ” WTF?!
Не знам на кој начин треба да му се обраќам, дали треба фала да му кажам што не јава седум години и паразитира на наша сметка. А и од кога е тоа задача на уредник да се грижи за ликот и делото на Маричиќ??!

И сето ова доаѓа во време кога во Фокус излезе СКАНДАЛОЗНА анкета која за најпопуларен политичар го има Таче (ха ха) а мнозинството граѓани као поддржувале Уставни измени, што е далеку од реалноста. Патем истата анкета има 102% испитаници. Младенов во гроб се превртува!

Но што е тука е, во моите очи губат ТИЕ, не јас, колумните се најчитани и тоа ми е повеќе пати посочувано. Сега за сега сум фриленс, а за понатаму ќе видиме. Колумната ќе си ја објавам тука бидејки немам намера никој да ме ЦЕНЗУРИРА.
Ним од срце им посакувам се најдобро бидејки ќе им треба”, пишува адвокатот Митровски за начинот на кој ја прекинал соработката со весникот.

Неговиот случај оди директно контра неформално мото на весникот Фокус искажано од неговиот основач сега покојниот Никола Младенов: “Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници. И тука нема компромис“.

Според многумина упатени во ситуацијата еден од најслободните медиуми во Македонија во времето на Никола Младенов сега се соочува со сериозна новинарска криза откако освен со менаџмент сопственичката Билјана Младенова се занимава и со уредувачката политика.

Фактот што таа му се јавила на Митровски само потврдува дека сопругата на покојниот Младенов која никогаш не била новинар влијае на уредувачката политика.