По смртта на бебе, директорот на Битолската болница најави оставка

Директорот на Клиничката болница во Битола, Александар Обедниковски, вчера најави дека се повлекува од директорската функција откако за помалку од еден месец во битолската болница починаа шестгодишната Јана Христовска и новороденче кое починало два часа откако било родено во болницата.

Обединковски оставката од морални причини ќе ја поднесе денеска.


По веста за смртта на новороденчето, министерот за здравство Фатмир Меџити вчера ја посети битолската болница и најави дека во болницата ќе биде испратен тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да изврши инспекциски надзор.