Професионалност во институциите побара евроамбасадорот Гир во случајот со државјанството на украински тајкун Олександар Онишченко. Во пристапниот процес најважно е Владата и опозицијата да соработуваат за да спречат криминал и корупција. Ова е едно од најважните процеси кои државата треба да ги реализира на патот кон членство во Унијата.

„Штотуку ги отворивме пристапнит а во срцето на овој процес е пред се да се справиме со законот и со корупцијата. Нешто што е од најкруцијално значење и владата и опозицијата заеднод а работат да ја спроведат оваа агенда ,Секоја институција ако види дека некој извршил кривично дело треба да го изнесе пред лицето на правдата и да биде независно и професионално во тој процес, а сето тоа е во нашиот фокус“ изјави Дејвид Гир.

Случајот со Онишченко не е единствен, оваа Влада издала низа документи на докажани и барани криминалци, вели потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Муцунски. Тој порача дека постојат сериозни индиции за злоупореба на средствата во безбедносните служби за притисоци врз опозициони политичари и медиуми.

Безбедносните слуќжби не функционираат работат во насока на лични интереси, се злоупотребуваат насочени пред се на политичари опозициони.. Сериозни индиции Злоупотреба на средства на безбедносните агенции за влијание врз одредени медиуми и треба да дојде ред кога институционално ќе се реагира, рече Тимчо Муцунски.

Владата почна постапка за одземање на државјанството на украинскиот тајкун, а единствениот начин тоа да го направи е да утврди дека Онишченко при поднесувањето на барањето дал невистинити и неточни информации или исправи.