Четири лица, досега се приведени во врска со синоќешниот тежок инцидент кога поголема група дрвокрадци на стариот пат селото Извор -Прилеп во атарот на селото Степанци, нападнале полициска патрола, дознава Канал 5..

Повредени биле пет полицајци та од пет полициски службеници од полициската станица Чашка .

Првичните информации се дека две лица се потешко повредени, а едниот од нив, поради тежината на повредата е итно пренесен на Ургентен во Скопје.

Кај едниот пациент има повреда на глава ,а другиот е повреден во стомакот.

За Канал 5 од Министертвото за внатрешни работи, потврдуваат дека се запленети две возила со нелегално исечени дрва.