Пријателскиот натпревар помеѓу екипите на Брајтон и Челзи, ќе се одигра пред публика, но ќе биде намален капацитетот на стадинот, решија тамошните власти.

Дуелот помеѓу англиските премиерлигаши ќе го следат само 2.500 навивачи, но и таа бројка е голем напредок ако се погледне моменталната здравствена ситуација во Велика Британија.

Дуелот помеѓу Брајтон и Челзи ќе се одигра во недела, а новата сезона во англиската Премиер лига треба да започне на 12. септември.

Поради пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19, во изминатите шест месеци сите фудбалски натпревари во Англија се играа пред празни трибини.