Откако предходно СДСМ застана зад позициите на градоначалничката на Скопје вчера и ДУИ преку вицепремиерот Артан Груби застана зад Данела Арсовска во нејзиниот судар со ВМРО-ДПМНЕ.
Во емисијата кликплус на ТВ 21 Груби без да анализира детали за однесување Арсовска кон европските банки кои го финансираат проектот за прочистителна станица околу кој настана раскинот на соработката со ВМРО-ДПМНЕ, ја прогласи Арсовска за исправна а партијата на Мицкоски за виновна.
„Сите градоначалници на ВМРО ДПМНЕ за секоја одлука треба да добијат амин од раководството на партијата, тоа не помина кај Арсовска. Што се однесува до советниците на ДУИ, тие во град Скопје се опозиција, не се со Данела Арсовска“, рече Артан Груби во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Со отворената поддршка на ДУИ и предходно од СДСМ за Арсовска се зголемија дилемите за вистинските причини за прекинот на соработката меѓу градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ која не издржа ни една година.
Арсовска сега сама го води градот без ниту еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ во системот на носење одлуки и сор внесување на проекти.