По Роми и Афроамериканци поддржувач на Заев навреди и лица со попреченост и “Вмровци”

Откако лани во јуни Ранко Србаковски ги навреди Ромите и Афроамериканците еден од најголемите поддржувачи на Зоран Заев и СДСМ со нов говор на омраза, сега кон лицата со аутизам и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

“Колку сум добар, помагам на аутистични вмровци да научат статистика”, напиша на Твитер Србаковски објавувајќи дека коефициентот на интелигенција (IQ) на Игор Дурловски, Роберт Вељановски и други луѓе членови на ВМРО-ДПМНЕ бил низок и затоа ги прогласи за аутистични.

На реакцијата на родител на две деца со аутизам дека тоа што аутизмот го користи како навреда е одвратно тој не се извинува туку на родителот му вели дека е одвратно што тој помислил дека болеста ја користи како навреда и продолжува да тврди дека актерот Вељановски е навистина аутистичен.

Кај аутизмот неретко жртвите имаат извонредно висок IQ

Лани во јуни откако американската амбасада во Скопје ретвитна негов пост за судир на руски и американски авиони Србаковски употреби навредливи зборови за Ромите и Афроамериканците.

„Калето“ го ретвитна, а тој расистички ги нападна Афроамериканците и Ромите

ВЕСТ на англиски јазик

https://www.romatimes.news/index.php/en/categories/social/4719-the-us-embassy-in-skopje-retweeted-ranko-srbakovski-s-tweet-and-he-racistly-attacked-african-americans-and-roma